Владиците наМПЦ-ОА, Петар и Григориј биле главни гости на приемот што по повод денот на Русија го организиараше руската амвасада во Скопје.
Во својот говор на почетокот на настанот, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, меѓу другото, истакнал дека Русија е среќна за возобновувањето на евхаристичкото заедништво откако минатата година Руската православна црква (РПЦ), прва по одлуката на Српската православна црква (СПЦ), ја признала автокефалноста на МПЦ ОА.
Напредувањето на меѓуцрковната соработка, порачал амбасадорот на Русија, е предуслов за натамошно зајакнување на односите меѓу народите на нашите земји.
„Народите на нашите земји се врзани со вековни врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени. Чувствуваме пријателско расположение и симпатии кон Русија буквално на секој чекор и искрено сме благодарни за таквото однесување. Сигурен сум дека тоа може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови“, истакнал Баздникин.

