Римокатоличката црква и сите христијански цркви што времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Бадник, ден пред Божик.
Подготовките за Божик се полн ек во Витлеем и во тамошните хотели се очекуваат повеќе туристи отколку во 2015 година кога насилствата ја засенија прославата. На плоштадот Мангер покрај базиликата на Христовото раѓање, поставена е голема божиќна елка украсена со декорации во боја на злато.
Свеченоста во Витлеем ќе кулминира со полноќна миса во базиликата нa Христовото раѓање. Се очекуваат за празниците десетици илјади туристи да ги посетат Витлеем, Ерусалим и Назарет. Израелското Министерство за туризам очекува околу 120.000 туристи.

