Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска имала средба со Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи во просториите на ИВЗ.
Официјалната посета на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и релиозните групи беше од слободен карактер и имаше за цел меѓусебно запознавање и споделување на досегашни искуства, како и идни соработки на полето на верската толеранција и соживот. Мултиетничкото општество е спој на различни култури и етникуми, аналогно на тоа и спој на различни верски заедници кои манифестираат свој белег преку слободно изразување на своите верски права и слободи. Стабилно, просперитетно и толерантно опкружување е заедничка желба на сите верски заедници и токму затоа сите стремежи на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се насочени кон конструктивни дијалози и соработки, стои во соопштението од КОВЗРГ
Реисот Фетаи изрази благодарност за досегашната соработка и најави продолжување на истата во континуитет, со цел сите заеднички да учествуваат во градењето и негувањето на едно општество исполнето со мир и меѓусебна почит.
