Средбата меѓу Вселенската патријаршија и УПЦ во Украина, не вроди со плод

Date:

Share post:

Ова за Релігійній правді го изјави добро информиран извор.

Делегацијата на Вселенската патријаршија, којашто е во посета на Украина, се сретна со поглаварот УПЦ, митрополитот Онуфриј Березовски, како и со членовите на неговиот синод – митрополитите Антониј Паканич, Мелетиј Егоренко и Климент Вечерја. Ова го пренесува публикацијата Raskolam.net, која е блиска до опкружувањето на Паканич и Новински, повикувајќи се на свои извори. Според изворот, разговорот завршил без практични решенија, сведувајќи на размена на општи ставови на страните.

Според извор од делегацијата на Вселенската патријаршија, првичната причина за ваквата средба биле знаците и сигналите што наводно митрополитот Онуфриј им ги пратил на претставниците на патријархот Вартоломеј во врска со неговата наводна подготвеност да се оддели од Руската православна црква. Во замена, тој, наводно, барал некои гаранции што Константинопол би требало да ги обезбеди за него и за неговите следбеници. Митрополитот Тихон Молард од Америка, кој неодамна го посети Чернивци, а потоа замина во Истанбул, каде што се сретна со Вселенскиот патријарх, дејствувал како еден од посредниците во ваквата комуникација.

Raskolam.net пренесува дека на делегацијата не ѝ се допаднал составот на групата од УПЦ МП која ги примила. Негативен сигнал било присуството на докажаниот поддржувач на единството со Руската православна црква по секоја цена, Паканич, кој, покрај Онуфриј, ги застапува интересите и на Гундјаев и на Новински. За време на  состанокот станало очигледно дека Онуфриј нема да истапи со сериозни предлози во духот на навестувањата кои наводно биле дадени порано и дека не е воопшто склон кон дијалог.

Споменатата објава донекаде ја објаснува и мотивацијата за постапките на Онуфриј. Можеби тој и другите промосковски сили се надеваа дека „играјќи“ со Фанар, ќе успеат да го спречат усвојувањето на законот за забрана на Руската православна црква во Украина. Тие намераваат дека во замена за искажаните ветувања за зближување и дијалог, патријархот Вартоломеј ќе повлијае на позицијата на украинските власти, и на тој начин законот ќе биде одложен или омекнат. Но откако законот беше изгласан со поддршка лично од претседателот, Онуфри ја загуби мотивацијата за понатамошен дијалог.

Од друга страна, заканата од раскол во самата структура на Онуфриј е сосема реална, како што се алудира во посочената објава. Дури и ако поглаварот на УПЦ-МП навистина посака да се оддели од Руската православна црква, тогаш структурата предводена од Паканич ќе го прогласи за предавник, а Москва и нејзините лојални приврзаници ќе го поддржат тоа.

По ова, делегацијата, којашто дојде со мисија да воспостави дијалог, се најде во тешка ситуација: државата и ПЦУ во лицето на митрополитот Епифаниј се подготвени да го поддржат дијалогот, но оние на кои Константинопол сметаше го отфрлија тој дијалог.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...