Синодот на МПЦ-ОА одлучи да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ, писмо за сослужување и со Вселенската Патријаршија

Date:

Share post:

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија одлучи да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква, а истовремено е потпишано и писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, со благодарност за признавање на канонскиот стстус на МПЦ-ОА.

– Ја прифативме поканата од страна на српскиот патријарх, односно Соборот на СПЦ за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава, кажа владиката Тимотеј.

Како што информира владиката Тимотеј, МПЦ ќе ја предводи неговото блаженство архиепископот охридски и македонски и тројца митрополити во ранг најстарите се разбира во придружба на неколку наши соработници.

– Преку ова се воспоставува единство не само со СПЦ туку и со останатите православни цркви а тоа е еден чекор до очекуваното конечно разрешување на посакуваната цел а тоа е автокефалност на МПЦ, додава владиката Тимотеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...