Рускиот Патријарх Ви порачува – бегајте од паметните уреди тие ве водат кај ѓаволот

Date:

Share post:

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил смета дека популарните компјутерски додатоци (Гаџет), или паметните уреди, меѓу нив и смарт телефоните се од ѓаволот и водат до антихристот.

Кирил вели дека капацитетот за собирање податоци што го имаат уредите како што се паметните телефони може да го доближи човештвото до доаѓање на aнтихрист.

Кирил во интервју,  што вчера го емитуваше државната телевизија, наведе дека црквата не се спротиставува на технолошкиот напредок, но дека е загрижена.

-Некој секогаш може да ја знае вашата точна локација, вашите интереси, од што се плашите и таквите информации можат да бидат искористени за централизирана контрола на светот, изјавил Рускиот Партијарх.

– Контролата од една точка е предвидување на доаѓањето на антихристот, ако зборуваме за христијанскиот поглед на нештата. Антихрист е личност, која ќе биде на чело на светската мрежа што ја контролира целата човечка раса – истакна рускиот патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here