Романската црква се дообјаснува: По томост на СПЦ, конечен Томос издава Вселенската Патријаршија

Date:

Share post:

Романската Православна Црква, откако минатата недела донесе одлука да го признае Томост на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА, но да и одреди друго име, сега објавува појаснување за одлуката. Оваа православна црква, која досега се сметаше како црква која држи своја линија во меѓуправославните односи, надовр од ривалитетот на Москва и Фанар, беше големо изненадување за оваа одлука за МПЦ-ОА и вероијатно поради реакции сега се дообјаснува за својата одлука.

Но, од дообјаснувањето архиереите на Романската Православна Црква, дополнително го комплицираат процесот и останува нејасно колку Томоси треба да добие МПЦ-ОА за автокефалност и кој Томос е веродостоен. Романската црква посочува дека коночниот Томос за автокефалност треба да го издаде Вселенската патријаршија, Томос што треба да го прифатат и другите парвославни цркви, иако таа веќе го прифати Томосот на СПЦ.

Романските вчладици се повикуваат на одлуките од Шамбези, по кои требаше да се воспостават нови правила за автокефалија во Православниот свет, а воедно и посчуваат дека тие одлуки не мпоминаа на Големиот сеправославен Собор на Крит и во тој слулчај важат претходните правила за доделување на автокефалност.

Еве го во целост дообјансувањето на Романската Православна Црква.

Појаснување по однос на одлуката на Светиот Синод на Романската патријаршија да ја признае автокефалијата на Црквата во Северна Македонија

На 9-ти февруари 2023 година, Светиот Синод на Романската православна црква го одобри признавањето на автокефалијата доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година.

За време на синодското заседание, одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година, за востановување на канонското и евхаристиско општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од Архиепископот Стефан, беше земена предвид. Понатаму, Вселенската патријаршија ѝ го довери на Црквата на Србија регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија.

Друга тема што беше земена предвид од романските јерарси беше прашањето на автокефалијата и средствата преку кои се доделува и признава, што беше анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.

Гледиштето на Романската православна црква по однос на автокефалијата, коешто беше исто така претставено и на Средбата на подготвителниот комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следново: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалија на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од Претстојателот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет Синод. Признавањето на новата автокефалија ѝ припаѓа на целата Православна Црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалијата, потпишан без никаква дистинкција, од сите претстојатели на автокефалните православни цркви, по редот на диптисите, во склоп на Синаксисот на претстојателите на православните цркви“.

Имајќи ја предвид оваа информација, Светиот Синод на Романската православна црква ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристиско општење јерарсите, клириците, монасите и верните под Архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви.

После признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 од Патријаршијата на Србија, кој ѝ доделува автокефалија на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да започне (консултации) и издаде конечен томос за автокефалија за да изрази сеправославен консензус по ова прашање на признавање на автокефалијата.

Единствено нешто што за Романската Православна цреква е јасно е именувањето на МПЦ-ОА и од ова дообјаснување станува сосема јасно дека тоа е како „православна црква во Северна Македонија“, а не Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,како што некои владици трдеа дека успеале да го заштитат името.

1 COMMENT

  1. Наспроти единствената асвалтирана и со патокази обележана магистрала, некој не убеди дека е подобро да скршнеме по неасфалтиран колски пат. Демек бил пократок и побрз, а и патниците супер ќе се чувствувале. Арно ама сега ќе се чудиме зошто автомобилот ни удира во дупки, а и патоказите се некако нејасни.
    Затоа на крајот од денот ќе имаме среќа ако воопшто успееме да стигнеме на целта по овој необележан пат по кој сме тргнале. Се плашам дека може ни се расипе автомобилот; или не дај Боже да се изгубиме по патот.
    Одличен пример како од готово се прави вересија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...