Првата годишнина од Томосот на СПЦ, покрај литургиски се слеавела и кафански. Трпезата на љубовта, како обично се нарекува, чекор по чекор, песна по песна се претворила во распеани гости.
Информациите на Религија.мк, велат дека во Хотелот Изгрев на моменти било толку весело, што некои од владиците гости лепеле и пари на музиката.
Главен гостин на забавата бил рускиот амбасадор во Македонија. Репертоарот во негова чест „калинка“,„каќуша“, „казачок“ и ред други песни.
За српската црковна делегација музичкиот избор бил шумадиски традиоцинални песни, не изостанале и понекоја за славните српски војводи, познати како четнички песни.
За македонската црковна делегација, како домаќини, изборот паднал на „1976 лето“ (владици Грци, лицем светци, срцем влци) ечело од устите на гостите.
За општа веселба на сите, велат, дури три пати била нарачувана „Проклета је Америка“…
Така бараме се раскажува овие три дена… но јавноста не верува, освен ако не види видеа од големиот ден.



Randu zbudale. Tajnore sluzbi na “najjako” pusteni. Omrazata najvisoko mozno nivo. Bog da vi pomogne!
После пет/шест вотки можеби лично новиот руски император им се јавил на Вибер. И потоа сите заедно ги поздравиле храбрите руски војници на фронтот со песната “Кад би био рањен крви би ти дала”…