Работничката партија бара враќање на средствата наменети за чистење на депонијата во ОХИС

Date:

Share post:

Движење Слободни и независни претставено од Работничката партија од пред поранешната фабрика ОХИС порачаа, дека владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги ставиле во залог граѓаните на Скопје заради свои бизнис интереси.

Screenshot

-Стопирано е чистењето на малата депонија во ОХИС од јануари 2025 година, а средствата обезбедени од државата и UNOPS се пренаменети за кампањата на градоначалникот на Чаир, ИЗЕТ МЕЏИТИ. На владеачките партии единствена цел им е власт на штета на општото здравје. Јавно ги повикувам Изет Меџити и Бујар Османи на соочување, за да ги отвориме овие прашања пред јавноста, истакна Ицо Колевски, кандидат за градоначалник на Чаир од Работничка партија.

Од Работничка партија прашуваат зошто ниту една институција не реагира и нема влезено во поранешна фабрика ОХИС?

-Вработените во неколкуте активни погони во комплексот се изложени на непосредна опасност од депонираниот опасен отпад, кој постојано испарува токсични супстанции. Инспекторатите и министерствата молчат – дали е ова системски пропуст или директна заштита на криминалот? Се прашуваме: кој би купил објект во зона загадена со опасен отпад, освен ако не е поврзано со политички криминал? По чистењето на депониите, следува ремедијација на земјиштето на сметка на државата – но бенефициите одат кај т.н.р. бизнисмени . Класична шема: евтин откуп, државно чистење и профит за олигарсите. Симтоматично е што една од фирмите се појавува како инвеститор на зграда во Центар, веднаш до зградата на Нова Македонија. Дали планот е нова населба со згради?, прашуваат од Работничка партија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...