Македонците од Австралија ја одбележаа Прочка, во сите храмови на Австралиско-сиднејската епархија, со служење на Свети литургии.
-Во текот на светите богослужби, свештенослужителите ги повикаа верните кон вистинско покајание, смирение и взаемно простување, како духовна подготовка за влегување во Великиот пост. По Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и, во духот на евангелската заповед, взаемно си побараа прошка и си простија едни со други, сведочејќи ја љубовта и единството во Христа. Со молитва и прошка, започна подвигот на Светата Четириесетница, со надеж дека преку постот, молитвата и милосрдието ќе се удостоиме достојно да го прославиме Светлото Христово Воскресение, велат од епархијата.

