За два дена пет епархии на Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија, заедно со владиците и свештениците прекинаа да го споменуваат Рускиот Патријарх Кирил за време на литургиите. Откако тоа прв го направи Митрополитот на Суминската Епархија, г. Евлигиј, следуваат исти одлуки и од Ровенската, Мукачевската, Владимир-Волинската и Житомирската. За сите овие одлуки епархиите известија на нивните официјални веб-страници и на социјалните мрежи.
Сите овие епархии и најмногу настрадаа од агресијата на војската на Путин.
Особено значајно е да се потенцира дека овој процес почна од Суминската епархија, чиј епископ г. Евлогиј беше еден од најголемите проруски епископи во УПЦ-МП и еден од најлблиските до поглаварот Онуфриј.
Сите влдици и свештеници на УПЦ-МП не се согласуваат со официјалната позиција на Москва, според која руската армија дејствува во одбрана на Украинската црква и на рускиот народ.
Да, имаме војна. Русија ја нападна Украина. Цивили умираат, деца се убиваат, нашите храмови се палат. Ниту „ослободители“ сме чекале, ниту сме ги повикале. Народот е едногласен и единствен во односот кон оваа страшна агресија. Не знам што друго да кажам.„Тоа е вистината“, стои во пораката на УПЦ-МП до Русија.

