Папата пристигна во Египет

Date:

Share post:

Папата Франциск е во посета на Египет, кој се соочува со напади од милитантната група Исламска држава. Тој при пристигнувањето во Каиро порача дека неговата дводневна посета на земјата е патување за единство и братство.

Во порака до граѓаните на Египет, минатата недела папата изрази надеж дека неговата посета ќе придонесе за мир и за дијалог и помирување на исламскиот свет. Посетата доаѓа во време кога египетските Копти, најголемата христијанска заедница на блискиот Исток, пред три недели се соочи со напад од страна на Исламската држава во кој загинаа 45 лица.

/слободнаевропа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here