Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Date:

Share post:

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала Азија кон крајот на ноември – заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј – е „Еден Господ, една вера, едно крштевање“, нагласувајќи ги заедничките корени на сите христијани.

Папата Лав и Вселенскиот патријарх ќе патуваат заедно во Никеја во Мала Азија за да ја одбележат 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор. Папата ќе ја посети и Вселенската патријаршија и ќе се сретне во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според официјалната програма објавена од Ватикан, наутро на 27 ноември, Папата ќе замине од Рим за Анкара, каде што ќе се сретне, меѓу другите, со турскиот претседател и странски дипломати акредитирани во Турција.

Следниот ден, Светиот Отец ќе отпатува со Вселенскиот патријарх во Никеја на Екуменскиот молитвен собир, што ќе се одржи на археолошкото наоѓалиште на базиликата Свети Неофит. Вечерта, папата Лав ќе пристигне во Цариград.

Во сабота, на 29 ноември, Папата ќе ја посети џамијата Султан Ахмед (Сина џамија), а потоа ќе продолжи кон Фанар, каде што ќе присуствува на славословија, по што ќе има приватна средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Двајцата водачи ќе потпишат заедничка декларација во Патријаршиската резиденција. Подоцна истиот попладне, папата Лав ќе отслужи миса во арената „Фолксваген“.

На 30 ноември, Папата ќе ја посети Ерменската катедрала во Цариград, а во 10:30 часот ќе се врати во Вселенската патријаршија за престолниот празник на Светиот апостол Андреја.

Се очекува тој да присуствува на Божествената Литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“ и да го одржи својот четврти говор. Во 12:30 часот ќе следи екуменски благослов.

По ручекот со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, Папата ќе замине од аеродромот во Истанбул за Либан, каде што ќе ја продолжи својата посета до 2 декември.

/Orthodox Times

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...

Сирискиот претседател го посети Антиохискиот патријарх

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара ја посети Маријамитската катедрала во Стар Дамаск, каде што се сретна со патријархот Јован...