Папата Лав XIV: „Размислувајте за смртта — нашето време на земјата нѐ подготвува за вечноста“

Date:

Share post:

Во рамките на својата редовна Генерална аудиенција, папата Лав XIV ги повикал верниците да размислуваат за смртта не како крај, туку како пат кон вечниот живот — и да го согледаат Христовото Воскресение како вистинско објаснување и надеж за човечката егзистенција.

„Секој од нас мора да се запраша — што навистина сака да направи од својот живот“, рекол папата пред присутните на плоштадот „Свети Петар“, подвлекувајќи дека молитвата и ослободувањето од непотребното се тајната за автентичен христијански живот.

Тој предупредил дека во современиот свет смртта често е табу — нешто од што се бега, обвинувајќи ја културата на „трансхуманизмот“ и модерните обиди за технолошко „победување“ на смртта. „Може ли науката да обезбеди дека живот без смрт е и живот со радост?“, прашал папата, нагласувајќи дека само со верата во Воскресението може да добиеме вистинска надеж.

Според неговите зборови, Воскресението на Христос ја потврдува вистината дека „смертта не е спротивност на животот, туку негов дел — премин кон вечноста“. Тој додал дека Воскресението нуди „предвкус на полнотата што нѐ очекува по смртта“, и ја поттикнал црковната заедница да ја живее својата вера со надеж, љубов и молитва, ослободена од стравот од исчезнување.

Папата заклучил дека одговорот на темата за смртта не е во технологијата или во одбегнување на таа реалност, туку во Воскресението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here