Папата Франциск предупредува на ескалирање на тензиите со Северна Кореја

Date:

Share post:

Папата Франциск предупреди дека „голем дел од човештвото“ ќе биде уништено доколку ескалираат тензиите со Северна Кореја, додавајќи дека ОН треба да преземат лидерство за пронаоѓање решение.

На прашањето што би му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испратил носач на авиони во близина на Корејскиот полуостров, како и на другите лидери, тој истакнал дека од нив би побарал да користат дипломатија и преговори „бидејќи станува збор за иднината на човештвото“.

– Денес војна од пошироки размери би уништила голем дел од човештвото и културата. Се. Би било страшно. Сметам дека денешното човештво тоа не би можело да го издржи, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциск, исто така, нагласи дека некоја трета земја, како на пример Норвешка, би можела да посредува меѓу Северна Кореја и САД, оценувајќи дека ситуацијата е „премногу зовриена“ и на светот му се заканува катастрофална војна.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here