НЕТАНЈАХУ ГО СПОРЕДИ ХРИСТОС СО ЏИНГИС КАН: „Немав цел да ги навредам христијаните“

Date:

Share post:

Изјавата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху со која го спореи Христос со монголскиот освојувач Џингис Кан предизвика остри рекации во светската христијанска јавност. Нејанјаху подоцна мораше да се извинува, посочувајќи дека изјавата немала за цел да ги навреди христијаните.

Нетанјаху во емисија на X го цитираше историчарот Вил Ѓурант, наведувајќи дека моралот сам по себе не е доволен да се запре злото и дека „агресијата може да ја надвладее умереноста“, пренесе Тајмс оф Израел.

„Историјата докажува дека, за жал и несреќно, Исус Христос нема предност над Џингис Кан. Затоа што ако сте доволно силни, доволно безобѕирни, доволно моќни, злото ќе го победи доброто. Агресијата ќе ја победи умереноста. Морално супериорна цивилизација сепак може да падне пред немилосрден непријател ако нема моќ да се брани“, рече тој.

Премиерот на Израел на својот профил на мрежата X објасни дека идејата била на Ѓурант и дека тој лично го почитува Исус Христос.

Меѓу оние кои го критикуваа Нетанјаху беше и претприемачот од Дубаи, Марио Навфал, кој кажа дека Израел веќе води глобална оптичка војна, а дека Нетанјаху со таква изјава дополнително ја комплицира ситуацијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img