Митополитот преспанско-пелагониски Петар ги повика младите или рано да се женат и мажат и да формираат здрави семејства, пред сѐ духовно и физички и интелектуално, а потоа ако некој „не е да се жени или да се мажи, имаме сто манастири во епархијава да го наполниме барем нив“. Владиката, познат по радикално конзервативни и често дискриминирачки ставови и противник на женските права, ова го кажа на одбележување на заштитникот на Битола Свети Нектариј.
„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина – преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи“, рече владиката Петар.
Тој апелираше до младите да го следат примерот на заштитникот на Битола Нектариј, кој бил побожен и се замонашил, да се запазат христијанските вредности во услови кога семејствата се распаѓаат, има сѐ повеќе разводи на браковите, како и немажени, неженети возрасни луѓе.
Владиката уште рече да не кукаме по младите кои заминаа, туку тука да им создадеме услови да останат.
„Не да жалиме и кукаме како ни отидоа младите, тие отидоа и ќе одат, туку да почнеме вистински да направиме услови за нивно враќање во татковината. Треба да направиме и нешто за материјалниот опстој на младите тука да останат и да не одат во светот по желбите, туку да се задоволни ако ги имаат основните услови и потреби. Ако живееме според потребите тогаш нема да ја напуштиме земјата, ако живееме според желбите цел свет да ни го дадат ќе ни биде малку“, рече Петар, кој како владика на Австралиската епархија со години е во судски спорови за преземање имот од австралиската дијаспора, а на 18 април беше задржан на Меѓународниот аеродром Скопје по барање на Финансиската полиција.
Владиката на МПЦ-ОА , кој е истакнат застапник против абортусот, и во други наврати ги повикувал младите за зголемување на наталитетот. Пред пет години, кога актуелен беше новиот Законот за прекин на бременоста што го донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ додека министер за здравство беше Никола Тодоров со кој се ограничи правото на абортус, владиката Петар својот став го поткрепи со бизарен пример за холивудската легенда Мерлин Монро, која се самоуби на 36 години.
„Познатата глумица Мерлин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца. Нејзиниот живот завршува со самоубиство како последица на тоа што одлучила да се направи хируршки зафат да не може понатаму да раѓа, а потоа откако се јавиле чувството и желбата за мајчинство да роди деца, тогаш било доцна и затоа и завршила така трагично“, рече Петар.
/SDK.MK

Владиката Петар е секогаш на страната на правдата … Божјата правда … а, никој не е обврзан да го следи во неговиот начин на работа или проповедање … барем престанете да го напаѓате редовно, секогаш и секаде … ако не ви е добар, ако не ви одговара, ако ви смета … ако не ве интересира што зборува и што работи, барем оставете го настрана … има кој да суди и пресудува …
Абортусот нема врска со Австралија, правата на жените немаат врска со манастирите … ставовите на владиката се негово лично право … а кој сака, нека прави што сака … владиката сигурно е за бракот, за венчавките, за брачните заедници, за раѓање на деца и за напредок на сите … а и за манастирите и за монаштвото … што е сега проблемот? Не судете напразно …
Nashiot Gospod Isus Hristos preku Svetiot Duh neka vi go prosvetli umot na site koi postojano se buntuvate protiv javnite nastapi na eden od retkite arhierei na MPC-OA,koj smelo go razoblichuva grevot na deneshicata i ve povikuva trezveno da rasuduvate za postapkite i delata vashi vo okolinata vo koja ziveete so cel da ne otpadnete od vecnosta.Negovata arhipastirska griza za vashite dushi ne ja omalovazuvajte ja so osuda zasto so toa svedocite deka ne sakate da mu se poklonuvate na Hristos tuku slobodnata volja za zamenuvate so robski prangi.