Кипарскиот архиепископ Георгиј демантора дека со Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, разговарале за автокефалност на црквата во Црна Гора. Во изјава испратена од Архиепископијата се посочува дека за Кипарската црква не станува збор за автокефалност на црногорската црква, која е под патријаршијата на Србија.
Кипарскиот архиепископ во својата изјава појаснува дека на вчерашната средба со претседателот на Црна Гора воопшто немало никаков разговор, ниту пак било допрено нешто што се однесува на Автокефалната црква на Србија или локалните црковни власти во Црна Гора.
-За Кипарската црква не станува збор за автокефалност на црногорската црква, која е под Патријаршијата на Србија, нагласува во својата изјава поглаварот на Кипарската црква.


црногорската црква е независна. српската црква не е добредојдена. тие се окупаторите