„Иранскиот режим ги таргетира светите места на христијанството, исламот и јудаизмот. Ништо не е свето за овој режим“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Израел. Оттаму соопштијадека фрагменти од пресретната ракета паднале во близина на значајни верски објекти во стариот дел на Ерусалим, меѓу кои и Храмот на Светиот гроб.
Во објава на социјалните мрежи, израелското министерство наведе дека ракетата, испукана од Иран, експлодирала во воздух над историското подрачје, при што делови паднале во комплексот на Храмот на Светиот гроб и во близина на џамијата Ал Акса.
Инцидентот се случил во понеделник, 16 март 2026 година, во попладневните часови, кога поголем фрагмент од пресретната ракета паднал во непосредна близина на храмот на Светиот гроб.
Според извештај на ЕРТ, станува збор за дел од системот за насочување на ракетата, кој паднал во близина на светилиштето, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на верските објекти во овој дел од градот.
Според достапните информации, инцидентот предизвикал помала материјална штета, а нема податоци за повредени лица.

