ИВЗ ја отвори најголемата џамија – првата молитва на првиот ден од Рамазан

Date:

Share post:

На првиот ден од рамазанските пости, ИВЗ ги собра верниците во новата најголема џамија во Скопје, со што го означи стартот за нејзина употреба за верски обреди. Поглаварот Шаќир Фетаи, придружуван од муфтијата на Скопје Кенан Исмаили, муфтијата на Штип Насир Реџепи, и други високи претставници на ИВЗ ја направија првата молитва во Големата џамија Топанско поле.

На овој настан присуствувал и амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, аташето за верски прашања при Амбасадата на Турција, , секретарот на Амбасадата на Катар во Скопје, како и оџи, хафизи и други личности од верскиот и политичкиот живот.

-Со присуство на голем број џематлии, кои ја исполнија џамијата со текбири и салавати, токму во благословениот месец Рамазан беше означено отворањето на оваа величествена џамија, која ќе им служи на верниците од Скопје и пошироко во текот на целиот месец Рамазан. Првата теравија беше клањана со прекрасниот глас на гостинските хафизи од Турција, хфз. Хасан Ѓур и х. Али Осман, како и хфз. Јасин Абдулау, кои ќе го збогатуваат духовниот живот на верниците во текот на целиот месец Рамазан. Го молиме Возвишениот Аллах овој Рамазан да биде благословен за сите верници и оваа џамија, како најголема во Република Северна Македонија, да служи како место на богослужба, единство и воспитание за нас и за генерациите што доаѓаат. Аллах нека биде задоволен од сите придонесувачи и добротвори кои го овозможија реализирањето на овој голем проект, велат од ИВЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img