Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие две нови средни училишта и фотоволтаици на сите останати

Date:

Share post:

 

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошки одржливо образование, најавувајќи изградба на две нови средни училишта и целосна енергетска трансформација на сите постојни училишта во главниот град.

Според неговата програма, нови современи средни училишта ќе се изградат во Драчево — нов објект за СУГС „Браќа Миладиновци“, и во Ѓорче Петров — нова зграда на „Кочо Рацин“. Ѓорѓиевски истакна дека овие училишта ќе бидат дигитализирани, енергетски ефикасни и прилагодени на потребите на современото образование.

„Нема посветла инвестиција од онаа во умот и срцето на едно дете. Ако сакаме Скопје да биде вистински европски град, мора да вложиме во генерациите што доаѓаат после нас“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека образованието е темелот на секој напреден град.

Во рамките на најавената програма, секое средно училиште ќе добие фотоволтаици, нови фасади, термоизолација и паметни системи за следење на потрошувачката на енергија. Ќе се воведе и дигитализација со брз интернет, смарт табли, проектори и дигитални содржини.

Една од најиновативните мерки е воведувањето на AI личен тутор – дигитален асистент достапен за секој ученик, кој ќе помага во учењето и ќе ги заменува скапите приватни часови. Планирани се и AI лаборатории со 3D модели и интерактивни симулации во неколку училишта.

Ѓорѓиевски најави и рестартирање на Планетариумот во МКЦ, кој ќе стане центар за наука, култура и технологија, како и поставување на пречистувачи на воздух и енергетски ефикасни системи за климатизација во сите училишта.

Во фокусот на неговата програма е ученикот – со проектот „Младински оброк“ ќе се обезбеди субвенциониран оброк за секој средношколец преку Skopje City GO картичката. Првенците на генерација ќе имаат можност за бесплатно патување низ Европа, а девојчињата ќе имаат бесплатен пристап до хигиенски производи.

Ѓорѓиевски најави и формирање младински клубови за уметност, музика, театар и технологија, како и кариерни центри за помош при изборот на професија.

„Оваа програма не е само план за подобри училишта – ова е стратегија за подобро општество. Образованието е клучот што ги отвора сите врати“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овие проекти Скопје ќе стане град каде секое дете има шанса, секој наставник поддршка, а секоја училница – иднина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...