Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака до Ерменската патријаршија во Истанбул, која вршителот на должноста патријарх, Арам Атешјан им ја прочита на верниците на денешната верска церемонија. Во пораката на турски и на ерменски јазик, Ердоган порача дека мирот и просперитетот на ерменската заедница во Турција е многу важен и дека нема да дозволи дискриминација на Ерменците, кои ги смета за рамноправни граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во оваа пригода им оддаде почит на сите османлиски Ерменци убиени во тешките услови во Првата светска војна. На нивните потомци им испрати порака на сочувство. Тој посочи дека Турците и Ерменците цел милениум делеле заедничка историја и култура и дека вредните Ерменци дадоа важен придонес во историјата на Османлиското Царство и во Република Турција.
Понатаму, се наведува дека Ерменците како рамноправни граѓани на Турција, како пред тоа, така и денес, имаа важна улога во социјалниот, политичкиот, економскиот и во секој друг сегмент на животот.
-Нашата заедничка цел е да ги зајакнеме односите меѓу двете земји и да ги залечиме раните од минатото. Во овој контекст, во изминатите 14 години, направивме многу чекори и спроведовме историски реформи. И во иднина ќе продолжиме интензивно да работиме на зачувување на споменот на османлиските Ерменци и на заштитата на ерменското наследство“, рече Ердоган во пораката испратена до патријархот во Истанбул.
A.A.
