„Да ги направиме храмовите поотворени и подостапни“ – мото на конкурсот за храм со најдобар пристап „Отворен за сите“

Date:

Share post:

Во Русија, до 20 ноември се примаат пријави за првиот национален натпревар „Отворен за сите“, со цел да се псочат најдобро адаптираните храмови за луѓе со инвалидитет, односно ограничени можности за движење. Иницијативата е покрената од Синодалниот оддел за хуманитарна дејност при Руската православна црква.

Целта на конкурсот е да се откријат и промовираат примери на храмови и манастири кои реализирале архитектонски, информациски или социјални промени – како адаптирани влезови, пристапни патеки, поддршка за луѓе со моторички оштетувања, но и промоција на концептот на вклучување во животот на заедницата.

Како што наведува Вероника Леонтева, раководителка на Одделот за помош на лица со попреченост, Руската православна црква веќе повеќе од 10 години ги развива праксите за пристапност и сега преку овој конкурс сака да ги сподели добрите примери.

Конкурсот има три категории: архитектонска пристапност, информациска пристапност и социјална отвореност — и ќе ги опфати не само самите храмови, туку и нивните околни простории, како неделните школи, библиотеките, трапезариите и др.

Оваа иницијатива укажува на растечкиот интерес на црквата во Русија да стане поинклузивна и да овозможи сите верници да учествуваат еднакво во богослужбениот и парохиски живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...

БНТ за првпат ќе го емитува серијалот за свети Паисиј Светогорец

Со благослов на Бугарскиот патријарх Даниел и Светиот Синод на Бугарската православна црква, а во соработка со Бугарската...

Игуменот на Великата Лавра од Света Гора во посета на Грузиската патријаршија

Грузиската патријаршија ја примила делегацијата предводена од архимандрит Продромос, игумен на Светата Велика Лавра на Света Гора, која...

Архонтите со остра реакција за средбите меѓу американски официјални лица и руски православни клирици

Архонтите на Вселенската Патријаршија објавиле остро формулирано соопштение во кое изразуваат „ужас и длабока загриженост“ поради средбите што...