CBS: Али Хаменеи имал резерви неговиот син Моџтаба да го наследи како лидер на Иран

Date:

Share post:

Разузнавачки информации на САД, доставени до претседателот Доналд Трамп и негови блиски соработници, укажуваат дека иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи имал резерви неговиот син Моџтаба Хаменеи да го наследи на функцијата, јави CBS News.

Според американската телевизија, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со прашањето, Али Хаменеисметал дека неговиот син „не е многу интелигентен и нема квалификации да биде лидер“.

Изворите, меѓу кои се наведуваат лица од администрацијата на Трамп, претставници на американската разузнавачка заедница и блиски до претседателот, тврдат дека Хаменеи бил свесен и за одредени проблеми во личниот живот на својот син.

Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и други високи американски функционери биле информирани за овие разузнавачки проценки. Во интервју за Fox News, Трамп алудираше на тие информации, изјавувајќи дека Моџтаба „не е некој кого неговиот татко дури сакал да го наследи“.

Американскиот претседател го нарече новиот врховен лидер „слаб карактер“ и оцени дека таков лидер би бил „неприфатлив“ за Иран, истовремено навестувајќи дека САД би сакале да имаат одредено влијание врз идниот развој на лидерството во земјата.

Според CBS News, Трамп им рекол на блиските соработници дека не е сигурен колку се значајни добиените информации, додавајќи дека Иран во моментов се наоѓа во ситуација на неизвесност по смртта на Али Хаменеи.

Педесет и шестгодишниот Моџтаба Хаменеи беше избран за врховен лидер од Советот на верски духовници на Иран минатиот викенд, откако со години важеше за еден од најблиските соработници на својот татко.

Али Хаменеи беше убиен околу осум дена претходно во израелски ракетен напад, во почетната фаза од американско-израелскиот конфликт со Иран. Според извештаите, Моџтаба бил повреден во истиот напад.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img