Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош и актуелен градоначалник, најави воведување субвенција за бушење на бунари и обезбедување техничка вода за дворовите и бавчите во индивидуалните домаќинства.
-Во време кога сите зборуваат за рестрикции, ние зборуваме за решенија. Воведуваме нова субвенција за бушење на бунари и обезбедување техничка вода за дворовите и бавчите во индивидуалните домаќинства. Секое домаќинство што ќе избуши бунар и ќе обезбеди техничка вода ќе добие до 2.000 евра поддршка од Општината. А ако се здружат пет домаќинства — ќе добијат до 5.000 евра. На овој начин ќе го намалиме притисокот врз водоводниот систем, ќе заштедиме ресурси и ќе обезбедиме долгорочна стабилност. Вака работат домаќини, вака се штеди, вака се планира иднина, вели Јакимовски, кандидат на ГРОМ и Коалицијата Искуство за успех.
Во исто време, потенцира дека веќе е распишан тендер за 23 нови бунари со кои ќе се обезбедува техничка вода за јавното зеленило низ Карпош.
-Со ова, во следниот мандат до 70% од нашите паркови и зелени површини ќе имаат сопствен, независен систем за водоснабдување.Карпош не чека. Карпош размислува, реагира и делува пред сите. Карпош е чекор напред — со разум, со визија и со работа.“ порача Јакимовски
Видеото погледнете го ТУКА

