Како што објави на својот Telegram профил, претседателот на Република Украина, Володимир Зелински телефонски разговарал со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј при што се зблагодарил на Неговата Сесветост за поддршката на украинскиот народ и на неговите молитви за Украина.
Двајцата соговорници ја оцениле досегашната заедничка соработка како особено позитивна и продуктивна, што се потврдило и со посетата на делегацијата на Вселенската Патријаршија на Украина, којашто се случи деновиве.
Од своја страна, пак, Зелински ја потенцирал важноста на новодонесениот закон за делување на верските заедници во Украина, кој е поддржан од Сеукраинскиот совет на цркви и верски заедници, а кој обезбедува духовна независност, при што нагасил дека „независен народ треба да биде у духовно независен“. Тој го уверил Вартоломеј дека државата се стреми кон зајакнување на Православието и кон отворен дијалог меѓу црквите и верските заедници.

