Вистинската вера секогаш се претвора во љубов, а љубовта – во дело

Date:

Share post:

Во Бигорскиот манастир, со благослов на игуменот, епископот Антаниски г. Партениј, а во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, како манифестација на човекољубие и солидарност, била организиранакрводарителска акција под мотото „Подари капка живот“.

Во акцијата учество земале членови на монашкото братство, жители од околните места, како и поклоници и посетители на манастирот, при што во релативно краток временски период, биле собрани над триесет единици крв – односно, како што се наведува во соопштението од манастирот, „триесет капки надеж и можности за спасување животи“.

Манастирот испратил јавна благодарност до организаторите и до сите хумани лица кои ја отвориле својата рака и срце. Овој настан покажува дека Бигорскиот манастир  останува дом каде што милосрдието се претвора во радост, а радоста – во заеднички благослов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img