Вадиката Пимен е личност на 2025 во избор на читателите на Религија.мк

Date:

Share post:

Читателите на Религија.мк го избраа Европскиот митрополит Пимен за личност на 2025 година, во избор меѓу архиерејите на МПЦ-ОА. Од 13.026 гласа, колку што вкупно имаше гласачи, Пимен освои 3974 гласа, или 30,51% од гласовите.

Втор на листата беше епископот Антаниски Партениј, кој освои 3927 гласа, или 30,15% од гласовите.

Епископот Стобиски Јаков е трет со 659 гласа, или 5,06%. Потоа е архиепископот Стефан со 610 гласа, или 4,68%. Митрополитот Струмички Наум освои 523 гласа, или 4,02%, а митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј 522 гласа, или 4,01%.

Гласањето за избор на личност на годината траеше две недели и беше ограничено на само еден е-маил да може да гласа еднаш, со цел да се спречи манипулација.

Во деновите додека траеше гласањето владиците Пимен и Партениј се издвоија и речиси континуирано се менуваа со најмногу освоени гласови.

Религија,мк не собираше е-маил податоци и нема увид кој за кого гласал, ниту пак од каде се гласачите. Анкетата беше отворена за гласање од целиот свет.

Целта не беше натпревар, напротив оценка на граѓаните за тоа кој од архиерејите имал значаен придонес во општествената и црковната јавност изминатава година.

Религија.мк, ќе му додели плакета на владиката Пимен за избор на личност на годината 2025.

Ви благодариме на довербата и на огромниот број што учествувавте во оваа анкета.

1 COMMENT

  1. Сигурна сум дека знаете што е ‘затворен покер’. Значи, дури и ‘затворениот покер’ е потранспарентен и поверодостоен од ваквите анкети. А и да не зборуваме за обложувалниците за коњски трки. Според вас или според вашите читатели учесници во гласањето, најдобриот коњ во пастирска смисла со кој како Црква сме трчале во 2025 бил Владиката Пимен. Со сетаа почит, но мора да била некоја многу приватна трка, или некоја чудна варијанта на затворен покер. Едната е затварање по рунди: откако првиот играч дејствува (под притисок), следните играчи можат да го следат, да ја кренат понудата или да се откажат. Откако последниот облог ќе се спари, и веќе не се креваат влоговите, рундата на обложување е затворена и играта се сели на следниот круг. А постои и нешто како ‘затворени врати’, што значи дека во таа рунда веќе не е дозволено покачување на влогот, или затоа што сите веќе дејствувале или затоа што еден од играчите вложил се’ што има. Но, ‘затворен покер’ некогаш просто значи приватна, нестандардна игра. Не им носи некоја чест за православните пастири, па ни на организаторот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img