Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Date:

Share post:

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во рамки на нејзината програма приоритет ќе има имплементацијата на БРТ системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства.

-Првата БРТ линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат на секои 5 до 6 минути и ќе можат да превезуваат до 65.000 патници дневно, изјави Шукова.

Таа додаде дека линијата може да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, со што Скопје ќе добие модерен, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз.

Паралелно со првата линија, ќе се изработува и ново решение за север-југ траса, со што ќе се поврзат сите делови на градот.

-Со двете линии ќе добиеме брз, чист и функционален јавен превоз. Предвидена е и набавка на нови еколошки автобуси, по можност на гас, како и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, потенцираше Шукова, додавајќи дека овие активности се дел од планот за Скопје како зелен и модерен европски град.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...

Сирискиот претседател го посети Антиохискиот патријарх

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара ја посети Маријамитската катедрала во Стар Дамаск, каде што се сретна со патријархот Јован...

Како Руската Православна Црква стана оружје за политичко војување?

Руската православна црква (РПЦ) стана централен столб во политичката и информативната војна на Кремљ, обликувајќи наративи преку спојување...

Георгиј и Пимен ќе служат во Пјаченца

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј своето прво патување во дијаспората на МПЦ-ОА ќе го има во Европската епархија. Заедно со...