Реакција на владиците Јован и Давид

Date:

Share post:

Митрополитот Јован и Епископот Давид реагираа на текстот, објавен од Вистиномер, а пренесен и на религија мк, во кој се спомнува нивното име и имињата на епископите Јоаким и Марко, посочувајќи дека не се дел од никакво крило во Црквата. Вистиномер во текстот, повикувајќи се на свои анонимни извори, потенцира дека четворицата владици од поранешната ПОА не се припадници на проруското крило во црквата. Во реакцијата Јован и Давид бараат да не бидат вбројувани во ниту едно крило, бидејќи и припаѓале на Едната Света Соборна и Апостолска Црква.

-Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, години наназад ја доживувал и живеел Црквата како едно тело и токму заради тоа единство повеќекратно пострадал, а што веќе и на најголемите скептици им е познато. Да го поставува денес некој дека е во едно или друго крило, покажува несериозност кон природата и смислата на Црквата, која е една и единствена. Има и други историски моменти кога Црквата проживувала и други искушенија за поделба, но била победена само во мал број од нив. Не би било сериозно сегашниве напнатости во Црквата да се третираат како неизлечиви и да се фаќа една или друга страна, едно или друго крило. Митрополитот Јован е за едната света соборна и апостолска Црква, за која е неприфатливо разделувањето, или едното или другото, туку соборното, и едното и другото, стои во реакцијата на Митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован

-Неопходно е новинарите и безимените извори секогаш да имаат предвид дека во православниот „Символ на верата”, исповедаме дека веруваме во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Тоа значи дека Соборноста е предмет на нашата вера, подеднакво како што предмет на нашата вера е Света Троица. Не е возможно да се верува во Бога Света Троица, а истовремено да не се верува во Соборноста на Црквата. Следствено, очебијно е дека Црквата не е ниту само Константинополска, ниту само Московска. Заедно, со Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован и со Епископот делчевско-каменички г. Марко, низ текот на скоро две децении наназад се водев, а и денес се водам согласно принципот „и – и”, а не „или – или”. Значи, не: или Константинопол, или Москва; туку: и Константинопол, и Москва, и Охрид, и Атина, и Јерусалим и сите помесни православни цркви во неразделно догматско, канонско и литургиско единство, стои во реакцијата на Епископот Дремвицки Давид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Георгиј и Пимен ќе служат во Пјаченца

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј своето прво патување во дијаспората на МПЦ-ОА ќе го има во Европската епархија. Заедно со...

Одбележани 10 години од осветувањето на црквата во Кавадарци

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ-ОА сослужуваа на денот на Света Петка во црквата во Кавадарци....

Партениј служеше во црквата во Дебар

Дебарчани и годинава се собраа во градската црква Света Петка за да го одбележат празникот и возобновената традиција...

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...