Претседателката на државата единствена од државниот врв дојде во Црква за Божиќ кај Католиците

Date:

Share post:

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, беше единствениот претставник на државниот врв на божикната миса во Католичката црква Пресвето срце Исусово.

Традиционално чествувањето на Божик, Католиците во Македонија го одбележуваат во катедралната црква во Скопје, а на мисата секогаш е коканет целиот државен врв.

Силјановска Давкова во честитката на Фејсбук напиша дека „празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме еден за друг и да им помагаме на послабите од нас, никому да не му чиниме зло.“

-Со вечерашната божиќна миса во црквата „Пресвето Срце Исусово“, верниците кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар започнаа да го слават Христовото раѓање. Од срце посакувам големиот христијански празник да ви донесе внатрешен мир, спокој во семејството и благосостојба, вам и на вашите ближни. Честит Божиќ!, напиша претседателката на државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here