Православната црква на Финска со остра осуда на воената инетервенција во Украина, подготвена да помогне со бранот бегалци

Date:

Share post:

Синодот на Православната црква на Финска, автономна црква во рамки на Вселенската Патријаршија, најостро ги осуди воените дејствија на Руската Федерација во Украина, посочувајќи дека нема никакво оправдување за војна.

-Народот на Украина мора да биде поддржан со сите средства: и финансиски преку одредени иницијативи и духовно преку молитви. Со помош на добротворната организација на нашата црква има можност да им се помогне на Украинците. Нашата црква исто така се подготвува да помогне и да го поддржи потенцијалниот бран бегалци во Финска, стои во одлуката на Синодот на ПЦФ, во кое ги повикуваат и епископите и свештениците на Руската патријаршија да повикаат на мир.

Навистина, нашите мисли во ова тешко време се на страната на украинскиот народ, кој сега бега од ужасите на војната, главно на територијата на соседните земји. Невините секогаш се најголемите жртви на војната, а судбината особено на децата е ужасна. И овде мора да се стремиме кон волјата и хармонијата на мирот. Се надеваме дека рускиот народ нема да биде виновен за оваа ситуација и дека нема да предизвика раздор меѓу парохијаните кои живеат во Финска. Секој парохијанец ни е подеднакво драг и вреден, без разлика на нивната етничка припадност. Дури и можното проширување на војната загрижува многумина, стои во одлуката ан Православната автономна црква на Финска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img