Здружението Бадникови поворки снимија уште една божикна песна посветена на Христовото раѓање во аудио и во видео форма.
Станува збор за песната „Сношти Христос ни се роди“, песна што е снимена и изведена од најмладите членови на Бадниковите поворки, односно од Ансамбл „Симбиоза“, како живо продолжение на традицијата и детската радост што Божик ја носи.
Аудио снимањето, микс и постпродукција е на „Тра ла ла“ музичко студио, Скопје
ТЕКСТ: Сношти Христос ни се роди и светот не го сети, Ни светот, ни вселената, ниту, пак, злиот цар Ирод. До кај се допре Христос Бог, там златно дрво никна, Златно дрво, златно гранче и на него златно цутче. Дрвото беше Христос Бог, апостолите гранки, И цветовите Негови, пророците Негови се. Што пророкуваа порано за Христовите страсти. И ние да Му пееме, Христос Бог да нѐ пази. И ние да Му пееме, Христос Бог да нè пази. Колку ѕвезди на небото и на дрвјето лисје Толку убајни да дај Бог и на домаќинов овде, Толку убајни да дај Бог и на сиот свет, на сегде.
Погледнете го спотот.

