Над триста свештеници на Руската православна црква кои веќе ја потпишаа петиција со која повикуваат на помирување и крај на војната во Украина се под силен притиоск на Руската Православна Црква изминативе неколку денови. На некои од нив им се закануваат и санкции, па се дури и затвор до 5 години ако не ги повлечат потписите од иницијативата.
Познатиот теолог и публицист Сергеј Чапнин, на фејсбук обелодени со што се се соочуваат овие денови свештеници на Руската црква, на кои сепак им се придружуваат и други свештеници кои се осмелија да застанат со своите имиња против војната во Украина.
-Епископите лично ги повикуваат свештениците кои го потпишаа апелот. Овој третман е исклучително внимателен и премногу деликатен. Сепак, ќе настрадаат свештениците кои го потпишале. Не е дозволено дозволено никакво поинакво мислење од она на владиците аа РПЦ, пишува на Фејсбул Чапнин.
Сите свештеници кои застанаа позади апелот ја знаат цената на нивната одлука. Нивниот пастирски глас е до режимот кој православието го прогласи за дел од својата идеологија, но и до нивното стадо кое ја одобрува војната против Украина. Уште потрагично е тоа што притисокот и малтретирањето врз нив доаѓа од митрополити кои ја прифатија официјалната пропаганда на режимот на Путин, која деновиве не трпи никакво несогласување. Во меѓувреме, стана јасно дека за несогласување со војната во Украина и политиката на режимот ќе се воведат парични казни, и затворски казни до 5 години.


Можностите коишто тој ‘режим на Владимир Путин’ како што го нарекувате И’ ги дал на Православната Црква во Русија и на тие свештеници коишто според вашите зборови денес праведно го креваат својот глас против него – се огромни! Тие можности државата која има еден грижлив владетел И’ ги дава на Црквата за да овозможи духовен раст на својот народ, а не за таа, Црквата (и секој којшто носи мантија) да му кажува на Претседателот на државата со кого да војува а со кого не, како да ја води нејзината надворешна политика итн. Обидите на Црквата непосредно да влијае врз високата политика на власта, особено во Русија, никогаш не донеле добри нешта, напротив! Затоа, ако тие свештеници се гледаат себеси како миротворци, нека си го најдат духовниот пат на миротворење (се надевам дека го знаат и дека можат да го изодат), за да не го изгубат не од Путин туку од Господ вистинскиот духовен меч со којшто Самиот ги вооружил, со оглед дека посегнале да носат туѓ меч, кој ниту им е даден, ниту знаат да го ракуваат ниту му ја знаат силата ниту можат да видат каде сече кога мафтаат со него. Впрочем, такви примери видовме во современата историја неколкупати овде и самите.