Литургии за Божик и во црквите со византиски обред на Католичката црква во Македонија

Date:

Share post:

Верниците на Католичката црква во Македонија од византиски обред го одбележаа Христовото раѓање – Божик во храмовите на струмичко-скопската епархија.

Во вторникот вечерта на 6 јануари 2026 година, за празникот Рождеството Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов служеше божиќна архиерејска Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Со епископот сослужуваа катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, поранешниот катедрален парох протојереј ставрофор отец Георги Трајков и протојереј отец Гоце Костов.

Епископот Стојанов во проповедта рече дека Божик е неочекуван и незаслужен дар за човечкиот род и ни открива дека добрата вест не зависи од нашите достигнувања, истакнувајќи дека човек може да купи многу работи, но не може да купи љубов, радост и вистинска среќа.

-Љубовта што се купува или што повторно бара враќање не е вистинска љубов и е осудена на неуспех. Затоа, никој не може да го купи Божик и токму поради тоа е незаслужена благодат дадена на нас смртниците, повикувајќи со благодарност да го славиме Божик и да му благодариме на Бога за овој незаслужен дар, на пријателство, а важноста на Божик се покажува во Детето кој е лежи во јаслите, истакна епископот Стојанов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img