Епископ Кирил – Москва никогаш не објасни зошто не сака автокефалност во Укираина

Date:

Share post:

Многу интересно објансуваљње на Епископ Кирил (Катерелос), за правата и привилегиите на Вселенската Патријаршија во поглед на автокефалноста и улогата на Вселенската патријаршија.

Неговото теолошко објаснување е дел од едена дебата на здружение на теолози во поглед на автокефалноста на Украина и улогата на Руската православна црква.

Во анализата Отец Кирил објаснува дали бившите шизматици во Украина имаат право да поднесат Еклитон (апелација), како и за дека Украина денес е една независна држава која бара автокефалија веќе 30 години.

-Патријаршијата на Москва – ова е многу важно – никогаш не се обиде да објасни зошто толку многу сака и инсистира да ракува со една Црква во веќе една независна држава. Главната причина се должи на фактот дека црковниот проблем на Украина постанал и политички. Секој знае дека Руската Црква последните години дојде до тоа да биде рака на надворешната, империалистичка и експанзивна политика на Кремаљ, за кого, Црквата на Украина што е под Патријаршијата на Москва претставува една главна оска на влијание за политичките цели. Од таа причина не сака една автокефална Црква во Украина. Но таквите спојки помеѓу државата и Црквата, секогаш кога се појавувале (многу пати, повеќето), имале горки последици за самата Црква. Одделувањето на Патријаршијата на Москва од аспирациите на рускиот политички режим во комбинација со надменоста што ја има обземено, би било еден сериозен чекор за разрешување на проблемот и за мир. Ако тоа задоцни многу ќе задоцни и надминувањето на црковната криза. Во секој случај, патот кон единството, дури и кога се искривуваат основните еклисиолошки и канонски параметри, се диктира од заедничкиот Ум. Иднината припаѓа на една единствена и канонска автокефална Црква во Украина, вели во тоа излагање Епискоот Кирил.

Погледнете го предавањето.

1 COMMENT

  1. Кога еден клирик на Цариградската Патријаршија ќе го каже ова… Клирик на една од трите грчки Православни Цркви ширум светот! Нивелирањето коешто т.н. црковноканонска методологија најчесто со огромна грубост го одработува на терен, безмалку секогаш води до деформирачки операции на богочовечкиот организам на Црквата како природна/Божествена даденост. Така и во случајов. Осамостојувањето на Украина како држава со одвојување од Советскиот Сојуз е единственото поаѓалиште од кое се сака да се создаде една ново накалемена реалност на автокефалност на Православната Црква (црковна структура) која дејствува во таа млада држава, без притоа да се води сметка за карактерот и состојбите на живото човечко ткиво што ја чини таа земја, над кое се сака да се полага јурисдикција (светотаинска самовласност и сеопфатна пастирска пракса). На оваа општествено-историска, а сепак еклисиолошка точка Црквата по обичај веднаш почнува да се нарекува себеси странствувач во светот, ентитет кого го засега небесното и само небесното, кој не сака да се занимава со политика итн. итн., иако, се разбира тоа е најлагодниот начин за одбегнување на мајчинската одговорност што и’ прилега. Имено, кога се зборува за осамостојување на конкретна земја, особено од црковен аспект, неопходно е да се има предвид и структурата на населението во таа земја, етничката посебност, историската генеза (која нема да биде замолкната со некоја одлука преку ноќ), политичките тежнеења, и особено начинот на којшто традиционално се негува христијанскиот идеал, но и останатите духовни практики од сеедно која природа коишто останале да живеат во општеството, па и мерата во која тие влијаат на општествениот живот, понекогаш дури и врз правецот во кој се движи таа држава на меѓународен план. Ќе речете дека тоа не ја одразува зрелоста на самата помесна Православна Црква како таква, но дали нема навистина таа севкупност да даде препораки за претпазливост, како што во конкретниот случај секако ги дава? Ако започнеме да зборуваме за феноменот на силниот крајно десничарски етно-политички инженеринг кој од 1990те години наваму со крајно специфични методологии се одвива во украинското општество, а кои се особено насочени кон асимилирање на руското население коешто во значаен процент се затекна во тоа општество по одвојувањето на Украина од Советскиот Сојуз, ќе мора да се соочиме и со природата на потребата на Московската Патријаршија да го задржи своето пастирско дејствување на територијата на младата украинска држава. Имено, документарните емисии на водечките странски медиуми (дури и кампањата на претседателот Зеленски во украинските медиуми), а да не говориме за концизните, маестрални авторски изданија на БЕСОГОН ТВ на Никита Михалков, за специфичниот развој на Украинското општество, а не руската пропаганда како што денес се милува да се каже, го откриваат феноменот на неонацизмот во украинското општество, пред кој не може да се затвараат очите, особено ако изградил свои паравоени и параполициски структури од големи размери кои се сеприсутни во украинското општетсво, со отворена антируска и високоразвиена расистичка, не само националистичка програма, дури и со масовни детски кампови за подготвување на идни војници. Ова се разбира зборува за фактот дека Московската Патријаршија многу поубаво ги познава и украинскиот менталитет, и условите на руското население кое иако длабоко застрашено и замолкнато се’ уште живее во Украина, и локалните традиции и екстремните практики на локалните општествени структури итн. од некој грчки епископ кој оддалеку мудрува за црковни канони и за права на автокефалности. Сите знаеме какви обединувачки духовни центри се Православните Цркви во дијаспората, а руското наследство (население) во Украина е многу повеќе од дијаспора. Самиот факт дека над 100000 Руси ја напуштиле Украина во 2014 година и се преселиле во Русија треба да ви каже нешто за цифрите. А ако и православните Епископи сметаат дека вакви егзодуси се добри како избистрување на етничка слика на некоја земја во име на некаква автокефалија, тогаш не знам што да кажам! Време е да се препорачуваат добрососедски односи меѓу тие две земји и вистински соживот на двата народи во таа земја, макар нека е доминантен украинскиот. Време е пастирски да се проговори против необичните современи изданоци на неонацизмот, а не во некаков квази пацифистички манир да се потхранува нездравоста на една кауза, чии последици лесно може да дојдат пред вратите на сите европски земји, не дај Боже! Му посакуваме мир, спокојство и вистински напредок на украинскиот народ, но насилниот современ инженеринг кој денес забрзано се одвива во украинското општество И’ е туѓ на Православната Црква и мораме да им порачаме на нашите браќа во Украина дека ние не можеме да миротвориме за нив ако тие се приклониле кон неонацистичките традиции и дека мирот и напредокот се гради секојдневно и не за сметка на своите довчерашни соседи и сонародници. Останатото за жал е лицемерие, не е пастирство туку некоја итрина на волци во овчји кожи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img