Божик свечено прославен во црковните општини на австралиско-сиднејската епархија

Date:

Share post:

Големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ беше свечено и достоинствено прославен во сите црковни општини при Австралиско-сиднејската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

-Македонските православни верници во Австралија, иако далеку од татковината, остануваат длабоко вкоренети во својата вера, традиција и духовно наследство. Преку светите храмови, парохиите и црковните заедници, тие го чуваат живо православното и македонското битие, пренесувајќи го на новите поколенија. Празнувањето започна со служење на Бадникови и Божикни Свети Литургии, на кои беа упатени молитви за мир во светот, здравје и благослов на семејствата, како и за духовно укрепување на македонскиот народ каде и да живее. Особена радост внесе учеството на децата, кои со песни и честитки го навестуваа Христовото Рождество, сведочејќи дека верата продолжува да живее, велат од Епархијата.

По богослужбите, во духот на македонската божикна традиција, македонските верници организирале братски собири, бадникови и божикни чествувања, со песна, заедничка трпеза и искрено заедничарење.

Храмовите уште еднаш се потврдија како духовни домови и места на собирање, утеха и надеж за нашиот народ во дијаспората. Рождеството Христово и оваа година донесе светлина, мир и радост во срцата на верниците, потсетувајќи нè дека Христос се раѓа за спасение на светот и за обновување на човечката надеж, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img