Архиепископот Макариј предупредува против очајот: „Секогаш има надеж, зашто Христос постои“

Date:

Share post:

Архиепископот на Австралија, Макариј, се обратил до верниот народ со духовно расудување, повикувајќи го да се спротивставува на очајот и да ја зачува надежта.

Во својата порака, тој истакнал дека „успехот на ѓаволот се крие во тоа да го внесе човекот во очај и тага“, поучувајќи ги луѓето да се борат со „демонот на очајот“, кој постојано шепоти дека нема надеж.

„Секогаш има надеж, затоа што Христос постои“, порачал тој.

На крајот, архиепископот ги охрабрил сите да се насочат кон Хрисос и да одат напред во духовниот живот — „само напред, а не назад“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img