„Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам. Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, придонесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманст и меѓусебно почитување“, пишува Претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката упатена до поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул улема хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед по повод почетокот на Рамазанските пости.
-Овој свет месец Рамазан не потсетува на тие вредности, темелно важни за нашето општество. Простувањето, солидарноста, толеранцијата, несебичноста, дарежливоста и меѓусебното почитување се вредности за коишто сите треба да се залагаат и да ги негуваат. Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на Република Македонија, се наведува во честитката.

