Вести

За Македонците во Австралија, Синодот донел историска одлука

By Уредник

February 18, 2016

Македонците во Австралија ја оцениле како историска одлуката на Синодот на МПЦ со која се одобрува регистрација на нова епархија во Австралија на чело со Владиката Тимотеј. Здружението на македонските заедници од Австралија оценува дека на овој начин се „крунисуваат 20-годишните напори да се заштитат самоуправните надлежности на локалните македонски православни заедници врз своите храмови и други имоти, а притоа да останат во духовно единство со Светиот Синод на Македонската православна црква, во согласност со взаемно прифатени правила и законите и регулативите кои важат за други непрофитни организации кои се регистрирани како правни лица во Австралија.

-На сите верници, активисти, свештеници и заедници кои во изминатите 20 години претрпеа невидени искушенија за да дојдеме до денешната Синодска одлука, вклучувајќи сурови клевети, клетви, анатеми, екскомуникации, расчинувања, закани, физички напади, суеверни заплашувања по семејствата, лажни сведочења и лажни црковни судења, монтирани скандали, мултимилионски граѓански тужби, оспорување на Света Причест, крштевки, венчавки и погреби …, им ја честитаме истрајноста и плодот на саможртвата. На членовите на Светиот Архиерејски Синод им се заблагодаруваме и им честитаме што конечно го излгасаа предлогот за регистрирање на Сиднејско-Австралиската Епархија на МПЦ и покрај неверојатните притисоци и јавни закани и уцени на владиката Петар дека ќе ги дискредитира со кобни обвинувања и ќе го руши Синодот ако тоа го сторат. Особена благодарност упатуваме до Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј, кој остана доследен на вистината од почетокот до крајот на нечесната хајка на Петар, стои во соопштението на Македонските заедници од Австралија, потпишано од Претседателот Игор Аврамовски Александров.

Тој потенцира дека денешната победа на вистината и правадата е апсолутна бидејќи синодската одлука е донесена едногласно, што значи дека и самиот Митрополит Петар гласал за она што 20 години тврдеше дека е антицрковн.

Со денешната одлука на САС на МПЦ прв пат во историјата ќе се случи Македонска православна епархија да стане правно лице во Австралија со одобрение на Синодот на МПЦ.