Почетна Вера Во Делчево светиот крст го фати Христијан Струков
Во Делчево светиот крст го фати Христијан Струков

Во Делчево светиот крст го фати Христијан Струков

45
0

Од водите на реката Брегалница во Делчево светиот крст го изваде 20-годишниот Христијан Струков од делчевското село Вирче. Ова момче беше најсреќно и највешто од 10-ината момчиња кои се фрлија во водите на Брегалница. За него ова значи здравје, бериќет и благодет не само за него и неговото семејство, туку и за сите жители на Делчево.

– Многу сум среќен, иако водата е многу ладна имав среќа. Еве, по втор пат сум побрз од моите пријатели кои са фрлаа по крстот. Бог нека дава здравје и среќа на сите, рече Струков.

Струков од општина Делчево како награда за овој чин ќе добие телевизор, а од црквата  „Успение на пресвета Богордица“ икона и библија.

Чинот на осветување на водите на Брегалница го следеа илјадници верници во Делчево.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *