Почетна Вести Во Африка поставена статуа на Исус тешка 40 тони
Во Африка поставена статуа на Исус тешка 40 тони

Во Африка поставена статуа на Исус тешка 40 тони

129
0

„Исус најголемиот“ е името на статуата, која на 24 февруари беше поставена во областа Абажа во Нигерија и претставува највисоката статуа на Христос во Африка.

На настанот учествувале стотици нигерсики верници, кои го поздравиле поставувањето на најголемата статуа Jesus the Greatest (Исус Најголемиот) во Африка.

Висока е 8.53 метри и е со тежина од 40 тони. Статуата е изработена од бел мермер и е нарачана во 2013 од Обина Онуха, Генерален директор на нигериската нафтена компанија кој е голем католик.

Статуата на која е насликан Христос, бос и со раширени раце, е поставена до црквата „Свети Алојзие.

„Величествената статуа ќе биде голем симбол на верата за католиците и за сите кои ќе поминат покрај неа“, рекол на отворањето епископот на епархијата на Орлу, монсињор Августин Окуома.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *