Владиката Петар служеше во Сремски Карловци – СПЦ не соопшти од која црква доаѓа

Date:

Share post:

Српската православна црква продолжува да не ги раздвојува македонските од српските владици во јавните известувања. Официјалната црковна телевизија на СПЦ, ТВ Храм известуваше за литургијата во Сремски Карловци, што ја служеше владиката Петар, но воопшто не дефинира на која црква е тој владика.

-Со светата архијерејска литургија началствуваше Митрополитот преспанско-пелагониски Петар во сослужение со Митрополитот сремски Василије, Епископот осечко-полски и барањски Херуви, многобројно свештенство…., почнува веста на Тв Храм. Вака формулираните извештаи на СПЦ укажуваат дека Петар, Василије и Херувим се од една иста црква, во случајот најверојатно СПЦ, бидејќи се на територија на СПЦ.

Ова не е прв случај, напротив СПЦ и во официјалните соопштенија на церковниот сајт користи иста формулација. Религија.мк, многупати реагираше на ваквиот начин на известување, по што во еден период имаше измени, па некои владици беа дефинирани дека се од МПЦ-ОА. Но, очигледно дека праксата продолжува.

За да биде трагедијата поголема, сајтот на Преспанско-пелагониската епархија само ја препишал веста од ТВ. Храм, па и во сопствената вест не напишале дека Петар е владика на МПЦ-ОА.

П.с. Или пак тие нешто знаат, што јавноста не го знае.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...

Богојески: Јоване Вранишковски, време е да престанеме со манипулации

Господинот Јован Вранишковски повторно, во свој препознатлив стил, преку извртување на фактите, го коментира процесот на добивањето на...

Во нов напад во Етиопија убиени тројца припадници на Ethiopian Orthodox Tewahedo Church

Етиопија повторно се најде во центарот на сериозен инцидент: тројца припадници на Етиопската православна црква биле убиени на...