Вести

Владиката Петар ги обвини владиците Наум и Пимен за „ерес“

By Уредник

January 24, 2016

Преспанско-пелагонискиот Митрополит и администратор на дел од Епархијата во Австралија директни ги обвини Митрополитите Наум и Пимен дека ширеле „ерес„ во МПЦ и создавале „криминалци“ од редот на монасите.

Владиката Петар со жестоки напади, во емисијата на Слободан Томиќ, „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, го обвини и Игуменот Гаврил од Австралија, нарекувајќи го „криминалец“ и „лажен игумен“. Петар не се откажува од  црковно-судскиот спор за расчинување на Гаврил.

-Верницте во Австралија од Архимандритот Гаврил, отворено велам, беа погрешно воцрковени во верата. Тој некој систем што го има Митрополитот Наум како нивен старец и духовник е посесивен однос кон неговите духовни чеда. Тие после се како нивна војска, вели Владиката Петар.

Владиката Петар изјавил дека на МПЦ и е потребен „специјален обвинител„ кој требало да ги реши состојбите во Црквата. Ги обвинува своите собраќа во Синодот дека сакаат од Црквата да направат „виртуелна или фејзбук црква“.

Петар вели дека во јавноста ќе изнесе се она што се случувало во Црквата. За сето тоа вели дека е севесен оти ќе предизвика и напади врз него и очекувал да биде етикетиран исто како и Заев, и дека за него ќе биле создавани „приказни дека имал хациенди на Халкидики“, слично како и Заев.

Интервјуот на Владиката Петар доаѓа по една од последните синодски седници на кои според изворите на „Религија.мк“, тој лично им се закнал на Владиците дека доколку се обидат да го сменат од Австралија ќе ја „растурел МПЦ.“

Погледнете го најжестокиот дел од нападите на Владиката Петар кон Владиците Наум и Пимен.