Почетна Вести Владиците на СПЦ седнуваат на Собор, МПЦ под точка разно
Владиците на СПЦ седнуваат на Собор, МПЦ под точка разно

Владиците на СПЦ седнуваат на Собор, МПЦ под точка разно

819
1

В сабота на 14 мај во Патријаршијата во Белград почнува годинашниот Собор на архиереи на СПЦ. Првите два дена се резервирани за црковните аспекти на Соборот, а веќе од понеделник Владиците на СПЦ ќе одлучуваат за внатрешните црквни прашања.

sobor spc 3Иако засега нема официјални најави дали на дневен ред ќе биде и прашањето за евентуално обновување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ, сепак согласно досегашната пракса на работа на највисокото црковно тело на СПЦ, треба да се очекува да произлезе некаков став. Но според неофицијалните информации на „Религија,мк“ од извори во СПЦ, оваа тема може да се најде единствено под точката разно, бидејќи СПЦ има многу посуштински теми за кои ќе се разговара. Истите извори велат дека друга причина е тоа што во Патријаршијата во Белград се уште владее став дека не се исполнети главните предуслови за почнување на дијалогот, затоа што се уште трае судскиот процес против припадниците на ПОА.

Sobor SPC 1Една од точките ќе биде и формирање на делегација на СПЦ која ќе треба да учествува на Сеправославниот собор на Крит во јуни оваа година. Согласно договорот на Православните цркви СПЦ треба да одреди 24 члена делегација. Според изворите на „Религија.мк“ овде треба да се очекува и жестока дебата на Соборот, меѓу другото и тоа дали во таа делегација ќе биде и Јован Вранишковски. Крилото на Иринеј Буловиќ ја застапува тезата дека тој треба да биде дел од делегацијата на СПЦ за Соборот, иако има архиереи кои сметаат поинаку.

Инаку меѓу темите кои се приоритет во внатрешните работи на СПЦ се и најавите дека на овој Собор се очекува и пополнување на испразнетите епархии на СПЦ, Канадската и Милешевската. А се поизвесно е дека и Нишката и Банатската можат да добијат нови епископи, поради внатрешни проблеми кои траат подолго време.

Една од точките ќе биде и формирање на делегација на СПЦ која ќе треба да учествува на Сеправославниот собор на Крит во јуни оваа година.

Инаку, вториот ден од Соборот  во недела на 15 мај, Архиереите на СПЦ ќе ја осветат обновената зграда на Богословијата „Свети Кирил и Методиј“ во Призрен.

Коментар(1)

  1. Od desnata strana na patrijarhot sekogas se naodja ohridskiot arhiepiskop.Spored tao Makeonskoto crkveno parasanje se smeta za reseno

Напиши одговор на Baba Paca Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *