Почетна Вести Вартолмеј не попушта, Сеправославен собор ќе има и без Бугарската и Руската црква
Вартолмеј не попушта, Сеправославен собор ќе има и без Бугарската и Руската црква

Вартолмеј не попушта, Сеправославен собор ќе има и без Бугарската и Руската црква

543
1

Вселенската патријаршија не попушта, Сеправославниот собор закажан за 16 јуни на Крит ќе се одржи. Синдот на Вселенската патријаршија, во проширен состав, денеска во фанер донел едногласна одлука со која упатува предупредување до сите помесни православни цркви дека треба да учествуваат на Сеправославниот собор, за чие одржување се потпишале и обврзале, потсетувајќи ги дека нивна е одговорноста пред единството на Православието.

faner sinod-Вселенската Патријаршија, како првоодговорна Црква за обезбедување на единството на Православието, ги повикува сите да се возвишат во висините на претстојните збиднувања и да учествуваат во работата на Светиот и Велик Собор, според одредените датуми, како што сеправославно се одлучи и се потпиша, колку од Претстојателите на Свештените Средби, толку и од полномошниците на Претставништвата во текот на долгата процедура за подготовка на Соборот, пишува во соопштението на Вслеленската патријаршија, по денешната седница на Синдот, на кој учествувале сите архиереи кои се наоѓаат во фанер.

Иако во соопштението директно не се почочуваат Бугарската православна цркав, која одлучи да го бојкотира Соборот, ниту пак Руската која застана зад БПЦ и побара нова средба на ниво на поглавари, сепак Владиците на Вселенската патријаршија велат дека таквите барања се не одржливи.

-Свештениот (Проширен) Синод, со изненадување и недоумица се извести за последно изразените ставови и мислења на одредени сестрински Православни Цркви и, оценувајќи ги, се увери дека не постои никаква институционална рамка за ревизија на веќе утврдениот синодален процес, стои во соопштението на Вселенската патријаршија.

Вартоломеј, иректично им порачува на Московскиот Патријарх Кирил и на Бугарскиот Неофит, дека ако имаат какви било забелешки на текстовите да ги донесат на Соборот, но ги потсетува дека сите текстови се едногласно усвоени.

-Така, се очекува Претстојателите на Сесветите Православни Цркви, согласно Правилникот за организирање и функционирање на Светиот и Велик Собор, да ги приложат случајните „предлози за измени, поправки или додавки на едногласно разгледаните текстови од претсинодските средби на Претстојателите како теми на дневниот ред“ (в. чл. 11), заради конечно утврдување и озаконување во текот на работата на Светиот и Велик Собор, со повикувањето на Сесветиот и Совршителен Дух, пишува Вселенсиот Патријарх

 

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. Се гледа дека е замешана политиката, кој да биде прв, и чиј глас да се слуша, За важни богословски теми не можат да се согласат, а камоли за Автокефалност на некоја црква. Антиохија е скарана со Ерусалим, заради територија, истото е со Русија и Романија, заради Молдавија, Романија со Србија заради Темишвар, а ние сакаме Русите да посредуваат во спорот со СПЦ, е бре диги Македончиња што се занесуваме, па на РПЦ не и одговара МПЦ да добие автокефалност, оти Украина, Молдавија, Белорусија, Казакстан, Туркменистан, Јапонија па и Кина ке побараат автокефалност за своите цркви, ете затоа да не се надеваме залудно.
    Најсветиот патријарх (а зар другите не се свети) Вартоломеј сака да ја наметне својата волја, имено и без БПЦ и РПЦ ке се одржел Соборот, ама и Грузиската и Српската и Грчката Цркви се бунат. А според каноните на Собор задолжително треба да присуствуваат сите канонски епископи или ако се спречени нивни полномошници, а не по 24 владици како што одлучија сега, а и одлуките донесени на Соборот ако не ги прифати народот тие немаат правна сила и се неважечки. Господ да ни е напомош, да даде Господ Православието да се обедини, да бидеме едно срце и една душа, инаку другите ке не изедат.

Напиши одговор на Nikolaj Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *