Почетна Вера Стојанче Вучковски го фати Светиот крст во Радовиш
Стојанче Вучковски го фати Светиот крст во Радовиш

Стојанче Вучковски го фати Светиот крст во Радовиш

92
0

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2016 во Радовиш започна со света божествена литургија во двата храма Св.„Пророк Илија“ и Св.„Троица“, од каде што после литургијата верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион, каде се изврши големиот водосвет.

Најсреќен оваа година кој успеа да го фати Светиот крст беше Стојанче Вучковски, кој од пријавени кандидати беше најбрз и најсреќен.

Тој од овогодишниот кум Наум Петрушевски доби подарок, а од страна на градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов парична награда од 20.000 денари, исто така подароци му додели и Православната црква од Радовиш.

Досегашниот кум Наум Петрушевски кумството му го предаде на Крсте Ѓеоргиев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *