Српскот етнички шовинизам ја премина границата на толеранција во Македонија

Date:

Share post:

Во последниот период сме сведоци на сè почести појави кои сериозно го нарушуваат достоинството на македонскиот народ и државата Македонија. Станува алармантна појавата на одбележувања на историски датуми и настани поврзани со окупацијата на македонската територија и народ, во кои за жал учествуваат и македонски институции, а при тоа се користат обележја и униформи на поранешни окупациски сили. Таквите постапки не се само историски неточни, туку и морално неприфатливи, бидејќи претставуваат понижување на жртвите и страдањата на македонскиот народ во тие периоди.

Одбележувањето на активности поврзани со српската окупација за време на Балканските и Првата светска војна претставува длабока навреда и провокација за етничките Македонци, за нашата колективна меморија и национален идентитет. Сметам дека е неопходно сите учесници и организатори на ваквите настани да се извинат на македонската јавност и да преиспитаат својата одговорност во јавниот простор.

Покрај тоа, неприфатливо е и присуството на српската државна телевизија РТС на територијата на Македонија без соодветна регулаторна контрола, особено кога нејзините продукции содржат ревизионистички и негационистички содржини за македонската нација, историја и идентитет. Таквите активности не се во духот на добрососедските односи, туку ја поткопуваат довербата и ја поттикнуваат етничката нетрпеливост.

Затоа, неопходно е институциите на Република Македонија да воведат јасен механизам за контрола на активности од ваков карактер и да спречат влез на организирани групи или поединци кои го нарушуваат достоинството на македонскиот народ и државата.

Македонија е земја на гостопримство и толеранција, но тоа гостопримство не може и не смее да се злоупотребува од оние кои не го почитуваат нашиот идентитет, нашата историја и нашето национално достоинство. Почитта е предуслов за пријателство.

Пишува: Петар Богојески, претседател на Македонски Концепт (Фејсбук статус)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Букурешт ќе биде домаќин на Меѓународниот православен младински собир во 2026 година

Патријархот Даниел од Романската православна црква објави дека следната година, главниот град на Романија — Букурешт, ќе биде...

„Божја заповед“ или стратегија? Русија планира православна капела под НАТО-радарите во Норвешка

На островот Вардо, во северна Норвешка, каде што се наоѓаат големи радарски станици на НАТО, се појавилнеобичен проект:...

Богојески: Јоване Вранишковски, време е да престанеме со манипулации

Господинот Јован Вранишковски повторно, во свој препознатлив стил, преку извртување на фактите, го коментира процесот на добивањето на...

Во нов напад во Етиопија убиени тројца припадници на Ethiopian Orthodox Tewahedo Church

Етиопија повторно се најде во центарот на сериозен инцидент: тројца припадници на Етиопската православна црква биле убиени на...