Почетна Политичка теологија Советот на општина Струмица обединето гласаше терминот „родова еднаквост“ да се замени со „еднакви права меѓу мажите и жените“
Советот на општина Струмица обединето гласаше терминот „родова еднаквост“ да се замени со „еднакви права меѓу мажите и жените“

Советот на општина Струмица обединето гласаше терминот „родова еднаквост“ да се замени со „еднакви права меѓу мажите и жените“

288
3

Советниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ во општина Струмица, како ретко кога едногласно гласаа за измени во текстот на Стратегијата за млади, што беше на дневен ред на Советот на општината и наместо терминот „родова еднаквост“ во текстот на стратегијата да стои терминот „еднакви можности помеѓу жените и мажите“. Предлогот дојде по иницијатива на советник од ВМРО ДПМНЕ, кој бараше дообјаснување на терминот „родова еднаквост“, на што Градоначалникот од СДСМ побара промена на тој термин.

Овој чекор на Советот на општина Струмица го поздрави „Коалицијата за за зштита на денцата“, невладина организација, нарекувајќи ја историска одлуката за заеднички позиции.

-Коалицијата никогаш не ја поистоветувала личноста со политичката партија на која избрала да припаѓа, односно само затоа што некој припаѓа на одредена политичка партија која можеби лично не ни се допаѓа, не значи дека тој човек по дифолт нема никаква вредност и позитивни карактеристики. Токму затоа Коалицијата е отворена за соработка со секој што е наклонет кон семејните вредности, без разлика на политичка определеност. Ова е историски момент којшто го докажува токму тоа – претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединуваат во името на Вистината и за заштита на децата и младите, без разлика на притисоците коишто можеби ги трпат!  Макар и да го нарекуваат “родова еднаквост”, тоа може да означува само рамноправност т.е. еднакви можности за мажите, односно лицата што се родени со машки пол, и жените, односно лицата што се родени со женски пол.  Ова е навистина голема победа за Струмица и за Македонија! Љубовта кон децата ги надминува сите пречки. Се надеваме дека и одговорните лица од останатите градови ќе покажат здраворазумност, ќе соберат сили и ќе го следат примерот на овие двајца храбри мажи!, стои во изјавата на Коалицијата за заштита на децата.

Коментар(3)

  1. Така треба!!! Ако секоја општина се произнесе по ова прашање на овој начин, без никакви забошотувања и со должна искрена посветеност на овој горлив проблем, ќе можеме да ставиме крај на опасноста од страшната чума која во вид на законодавни акти се закани да го инфицира нашето општество со невидени и несвојствени за ова поднебје духовни и психички болести и растројства, за кое веќе има долготрајна, жестока пропаганда ширум светот. Се’ што е светско не мора и не треба да биде и наше. Своевремено и фашизмот бил идеологија и мода, новосоздаден политички европски модел, а знаеме до какви чудовишни последици довел. Со заеднички сили и по нелажен, демократски пат, со непогрешливиот благослов на нашата Света Црква можеме да си ја вратиме природната дефиниција за слободата, чие восовршување не зависи од некаков вештачки модел кој ќе ги накаже елементарните својства на човековото битие и ќе му зададе ориентации со кои ќе се поништи себеси како создание Божјо, туку од искрената љубов и кон Бог и кон луѓето. Правото на промена на биолошкиот пол е отворено богоборство: непочитување на основниот, телесен дар Божји, на човекот како биолошка ипостас. Правото на самоименување на својот пол спротивно на биолошкиот факт е само право на измама: отворено човекоборство! За жал денес тие бизарни права се разоткриваат зад заведувачката фраза ‘родова еднаквост’ со цел да го изманипулираат неукиот или изморениот современ човек кој не наоѓа време и сила да се задлабочи во оваа материја.

Напиши одговор на Збунет Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *