Почетна Анализа Собор на владици, или заседание на милионери?
Собор на владици, или заседание на милионери?

Собор на владици, или заседание на милионери?

1.71K
1

Заседание на Соборот на Српската православна црква, или Самит на светските финансиски моќници? Ова е дилемата што дел од српските медиуми ја поставуваат, анализирајќи го возниот парк на владиците на СПЦ кој деновиве е поставен пред Патријаршијата во Белград.

spc koli 1Од Шкода во повисока класа, па преку Ауди, Фолцваген, Мерцедеси, џипови, па се до Масарати го сочинува големиот „авто-салон“ на христовите пастири на СПЦ, пишуваат српските медиуми.

Обидот на екипата на „Блиц“ да ги фотографира сите автомобили со кои дошле владиците на Соборот на СПЦ наишол на закани и навреди на дел од најблиските соработници на српските владици, но и од самите владици.

spc koli 6Најжесток во заканите бил Владиката Сергеј во придружба на Врањскиот епсикоп Пахомије, кој откако прашал кој им дозволил на фотографите да ги сликаат автомобилите, јасно им предочил дека тоа што го прават може да биде опасно за нив.

Епископот Сергеј, кој им се закалувал на српските новинари, на Соборот дошол заедно со Епископот Пахомије со едно од полуксузните возила, „Мерцедес Е-класа“, вреден над 50.000 евра. Сергеј, за кој медиумите пишуваат дека има најброзорастечка црковна кариера, сега е Епископ во Германија. На Соборот дошол со автомобилот со германски регистрески таблици, а веднаш потоа ги заменил со ознака „ЕС-75“, што пак медиумите во Србија го толкуваат како кратенка од неговите иницијали и годината на раѓање.

spc koli 5Верскиот аналитичар, Драшко Џеновиќ, опишувајќи го материјалниот раскош на врвот на СПЦ, вели дека српските владици веќе одамна заборавиле на своите монашки заклетви за сиромаштија, целибат и послушност.

-Српските епископи веќе и не се обидуваат да ја сокријат својот личен раскош. Се однесуваат во стилот, „се има се може“. Се чини дека одамна заборавиле на своите монашки заклетви за сиромаштија, целибат и послушност. Со луксузот, кој се гледа, отворено искажуваат финансиска и секој друг вид на моќ, изјавил аналитичарот Џеновиќ за српските медиуми.

spc koli 3Тој потсетува на покојниот патријарх Павле, за кој вели дека треба да им биде пример за однесување како владици.

-За Патријархот Павле додека го држеа нозете добар беше и јавниот превоз, но на него не се огледуваа неговите браќа по Христос, туку напротив по улиците јуреа со скапоцени џипови со образложение дека за до епархиите им требаат јаки и издржливи возила, вели овој аналитичар.

spc koli 2Раскошот и луксузот на црковните лица не е карактеристичен само за овие владици. Позади ваквиот раскош не заостанува ниту една од православните цркви, но и католичките бискупи.

-Од Рим до Москва, насекаде има луксуз и раскош. Особено во тој раскош предничи црковна Москва, вели Џеновиќ за српските медиуми.

Коментар(1)

  1. А овие нашиве да не се поарни?Се што е напишано за српските владици,важи и за нашите.Затоа црквите ни зјаат празни.

Напиши одговор на Горан Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *